Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерки на претпазливост за лице кое на социјалните мрежи се сител на загинатиот полицаец Виктор Цветковски

Мерки на претпазливост за лице кое на социјалните мрежи се сител на загинатиот полицаец Виктор Цветковски


Јавното обвинителство од Куманово поведе постапка против лице кое на социјалните мрежи го бранел својот роднина С.Ј.(40) кој неодамна предизвика две сообраќакни несреќи во кои во првата го усмрти полицаецот Виктор Цветковски а потоа предизвика уште една задавајќи се во бегство. Со тоа, жителот на селото Пелинце од општина Старо Нагоричане е осомничен за ширење на говор на омраза преку Фејсбук на 21 април.

Според она што го напишал и го објавил, повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа. Доставен е и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот со кои што привремено му е одземена патната исправа и му е зададена обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во судот.

Мистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред два дена упати телеграма со сочувство до семејството на трагично загинатиот 37- годишен полициски службеник Виктор Цветковски од Куманово.

– Во овие тешки моменти заедно со Вас ја споделуваме болката за ненадоместливата загуба за еден млад живот. Министерството за внатрешни работи, колегите, загубија вреден и чесен другар, а Вие пак загубивте син, сопруг, татко, брат, пријател, напиша меѓу другото Спасовски во телеграмата до семејството Цветковски. 

На 21 април во 00.45 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма, „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(40), удрил во 37-годишниот Цветковски и 25-годишниот А.М., кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

С.Ј. со „мерцедесот“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе удрил во патничко возило „шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34). Возачот на „шкодата“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесни повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово. С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против него во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава.


Слично

Поврзани вести