Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел во Дубровник разговараше за политика, ама и за инфраструктура

Меркел во Дубровник разговараше за политика, ама и за инфраструктура
Довршувањето на Јадранско-јонскиот коридор и железничката пруга Минхен-Љубљана-Загреб-Белград-Истанбул беше во фокусот на разговорите на лидерите од земјите на Југоисточна Европа во процесот „Брдо-Бриони“, на кои им се приклучи и германската канцеларка Ангела Меркел. Според Меркел, овие проекти се гледаат како европски, а регионот за нивна реализација има на располагање 11,7 милијарди евра. Лидерите на осумте земји во регионот, меѓу кои беше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, признале дека проблемите со инфраструктурата ја отежнуваат регионалната соработка. За довршување на Јадранско-јонскиот автопат недостигаат уште 300 километри ниц Црна Гора и Албанија. Тој автопат е важен, бидејќи ќе обеззбеди полесен пристап кон јадранското и јонското приморје, за што имаат интерес и Македонија и Косово. Пругата Минхен-Истанбул се очекува да ги обнови некогаш цврстите железнички врски меѓу Балканот и Европа. Меркел е оптимист дека името ќе се реши  
Слично

Поврзани вести