Меркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел потенцираше дека земјите од Западен Балкан имаат европска перспектива но, дека не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Во видето објавено денеска по повод претстојниот Самит на Западен Балкан, кој ќе се одржи во петок во полскиот град Познањ во Полска, Канцеларката истакна дека земјите од овој регионот треба да надминат уште многу пречки и да исполнат уште услови.
„Патот е полн со камења“, рече Меркел.
Според неа решавањето на деценискиот спор меѓу Скопје и Атина е позитивен пример на дијалог. Исто така Меркел, потенцираше дека Заев и Ципрас треба да бидат позитивен охрабрувачки пример за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина, Косово и Србија.
Во Познањ ќе биде одржана конференција за западен Балкан,а
за прв пат на Самитот, во исто време ќе се
оддржи и Бизнис форум со 16 земји
