Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКЕЛ МУ ГО ЧЕСТИТАШЕ РЕИЗБОРОТ НА ЗАЕВ - и побара продолжување на реформите

МЕРКЕЛ МУ ГО ЧЕСТИТАШЕ РЕИЗБОРОТ НА ЗАЕВ - и побара продолжување на реформите

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Зоран Заев му го честиташе реизборот за премиер на земјава.

„Ви честитам за реизборот за премиер. Македонија и Германија се поврзани со тесно партнерство, билатерални врски, и како сојузници во НАТО“, нагласи таа во честитката.

Меркел посочи дека германската Влада целосно ја поддржува целта за поголемо доближување на земјата до Европската унија.

„Од клучно значење на тој пат е посветено продолжување на реформите“, вели германската канцеларка во честитката, пренесува МИА.

Таа на крајот на Заев му посакува среќа и успех во неговата одговорна задача и изразува задоволство од соработката меѓу двете земји.

Слично

Поврзани вести