Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел: Мала ,но убава вест во свет со кризи

Меркел: Мала ,но убава вест во свет со кризи

Канцеларката Ангела Меркел даде кус коментар по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент со што беше надмината последната суштинска пречка во остварувањето на спогодбата.

„Ова е само мала, но многу важна вест, која има многу врска со војна и мир, како и со стабилност. При толку многу меѓународни кризи се мисли дека ништо не се помрднува нанапред“, рече Меркел на собирот на нејзината ЦДУ во Тринвилерсхаген.

Меркел е активен поддржувач на Преспанскиот договор од самиот почеток и на еден начин „супервизор“ на неговото спроведување. Беше во СКопје пред одржувањето на референдумот и во Атина пред гласањето за доверба на владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.


Слично

Поврзани вести