Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меркел го прашувала Пендаровски зошто Заев поднесува оставка

Меркел го прашувала Пендаровски зошто Заев поднесува оставка

Изненадувањето кај меѓународната заедница беше мошне големо, изјави претседателот Стево Пендаровски, во интервју за ТВ21, пренесувајќи ги реакциите по оставката на македонскиот премиер Зоран Заев. 

За оставката се интересирале и германската канцеларка Ангела Меркел, но и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

„Сега ќе си дозволам мала индискреција. Имав една мала средба, тоа се куси средби од нога, со германската канцеларка Ангела Меркел, која неколку пати ме праша за мотивите на оставката. Дали вие мислите дека тоа беше вистински потег? Мојот одговор беше ‘се разбира дека не’, а тоа му го пренесов и на Заев по враќањето. Се разбира дека не. Заради губење на една, две, три, пет или десет општини, заради губење на локални избори, независно што сте ветувале претходно, ова е едно друго ниво во политиката. Вие водите држава имате мандат од четири години, соема легитимно добиен, и не можете ни на половина од тој мандат да кажете јас си заминувам поради Скопје, Прилеп или Куманово“, рече Пендаровски. 

Заев ја повлекува оставката на неодредено време, додека државата не се стабилизира, но утре ќе има гласање за доверба на Владата. 

Да се отворат преговорите за Македонија и Албанија со Европската Унија (ЕУ), бара францускиот претседател Емануел Макрон, објави албански медиум. 

Слично

Поврзани вести