Меркел ги пикира грчките пратеници, ќе следат „контроли“ и од други
Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина следната недела служи како потсетник дека Берлин и западните влади, во принцип, се подготвени да го видат грчкиот парламент како го ратификува договорот од Преспа постигнат со БЈРМ. Се чини дека премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, ќе успее да обезбеди двотретинско мнозинство, па дури и повеќе од тоа, за уставните измени, пишува Катимерини, анализирајќи и информирајќи за контекстот на посетата на Меркел.
Притисокот над грчкиот парламент, за да не пропадне се она што досега е постигнато од Преспанскиот договор, ќе започне официјално со пристигнувањето на Меркел и, најверојатно ќе се зголемува како што Грција ќе се приближува кон гласање.
„Европејците и Вашингтон до сега ги храбреа двата балкански соседи - без разлика дали тие од разбирливи причини не сакаат да го признаат нивното учество - и се надеваат дека ќе го постигнат договорот. Тие отворено го поддржаа Заев во референдумот за спогодба за името и последователните уставни амандмани. Нема да се двоумат да го сторат истото со Грција за да го доближат овој за нив неразбирлив спор кон окончување. Одбивањето на договорот од страна на грчкиот парламент ќе се смета за пораз од страна на сојузниците, додека Атина ќе стане црна овца во трансатлантскиот сојуз“ пишува Катимерини.
„Дали е ова нешто што можеме да си го дозволиме? Дури и нашите сојузници ни предупредуваат уште од разговорите во Њујорк дека ќе има болка на двете страни ако договорот биде потпишан. Официјалните претставници во Брисел очекуваат дека вестите од Атина ќе бидат позитивни и тие се подготвени да стават ознака "Северна Македонија" на табелата на НАТО.
Сигналите ќе се интензивираат во наредните денови. Ако се мине во најдобар ред, процесот на прием на ПЈРМ ќе започне околу април и оваа балканска држава ќе добие статус на набљудувач пред да стане полноправна членка во почетокот на 2020 година Се друго само ќе служи за да нема меѓусебни расправии“, гаси коментарот на весникот.
