Мери Николова откако ДУИ ја стави на кандидатска листа за пратеник: Му благодарам на Али Ахмети
Граѓанската активистка Мери Николова му се заблагодари на ДУИ за номинацијата на кандидатската листа за пратеници пред парламентарните избори на 12 април.
Сопругата на Агрон Вуџаку, истакнат лкен на „Интегративците“ и директор на Центарот за управување со кризи, е на 3 место на листата во Изборната единица 3 зад Беким Незири и Седат Ахмедов.
„Ако некој ја препознава твојата способност, како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава со многу примери и дела, со многу вложен труд и работа.
Ако некој ти пријде и ти каже дека вредиш и заслужуваш да бидиш во редот на најдобрите. Тогаш за мене доволни беа зборовите и взаемно пружената рака за договор да бидам на листа во ИЕ3.
Не ми ветија, не ме излажаа ништо, како што веќе еден го стори тоа.
-Ако ним и треба жена борец, мени ми треба Лидер кој знае да ги цени активистите, кој има свое достоинство и збор. Ви благодарам ДУИ. Ви благодарам Г-дин Али Ахмети“, објави Николова.
