Мери Николова Буџаку: Првиот премиер Албанец значи поголема мотивација за останување во земјата
Активистката Мери Николова Буџаку на денешниот јавен настап на коалициските партнери на ДУИ за прифаќање на идејата за прв премиер Албанец на Македонија, која предизборно лансирана од Интегративците, рече дека ваквата платформа ќе ја зацрвсти лојалноста на другите етнички заедници кон земјата и ќе го зголеми нивниот мотив да си ја планираат својата иднина во сопствената држава.
- Демократската унија за интеграција најмногу се бори за правата на граѓаните, токму онаму каде е и мојот интерес. ДУИ создава платформа во која има место за сите нас, а политичката определба е унапредувањето на индивидуалните права на граѓаните. Токму во таа насока ја гледам и идејата за првиот премиер Албанец, како платформа која ќе ги сруши политичките стереотипи во земјата. Првиот премиер Албанец ќе значи мотивираност и охрабрување за сите граѓани да си ја планираат својата иднина овде во сопствената држава, но уште повеќе и за зацврстување на нашата лојалност кон оваа држава. Тоа ќе значи зголемена доверба и унапредување на меѓусебните етнички односи и зајакнување на мултиетничкото општество, рече Николова Буџаку во својот говор.
Таа е на кандидатската листа на пратеници на ДУИ за вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули.
