Мерцедесот е доказ и нема да се продава за тие што го купија да заглават на суд
Владината драма околу скапиот службен Мерцедес кој беше купен по барање на Никола Груевски и натаму продолжува. Овој пат, донесена е одлука ова возило кое стана симбол на препознатливост од „бомбите“, да не се продава бидејќи било доказ во судскиот предмет „Тенк“ зад чие обвинение стои Специјалното јавно обвинителство.
„Владата на Република Македонија го става во мирување процесот на продавање на возилото “Мерцедес”до завршувањето на судскиот спор во кој може да се појави потреба да биде доказен материјал. Оваа одлука се носи со цел да се оневозможи избегнување одговорност на обвинетите во судскиот процес каде возилото е предмет на интерес, соопштија од владината прес служба.
Предолго траат ПР кампањите околу Мерцедесот од 600 илјади евра. Големи политички поени доби СДСМ со објавата на „бомбата“ за набавката на тоа на „М“, од страна на екс министерката Јанкуловска за екс премиерот Груевски.
Де мачки го гребеле па имаше прес за сите да го сликаат и снимаат, де со парите од продажбата на Мерцедесот ќе се купувале возила за итна помош. де бил прескап за одржување и не ни бил потребен, а всушност сите високи гости од странство се возат токму со него.
