МЕПСО вратил разрешен директор кој во меѓувреме земал отпремнина, Битиќи ја осуди таквата одлука
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека е нелогично и неетички враќањето на Томе Божиновски за директор на ИТ-секторот на операторот на системот за пренос на електрична енергија МЕПСО, откако тој веќе еднаш бил разрешен на таа позиција и во меѓувреме добивал апанажа.
- Повеќето менаџерски договори во акционерски друштва се ревидирани со намалување на привилегиите на менаџерите. Се согласуваме дека тоа и понатаму треба да се регулира затоа што еднаш разрешен човек веројатно се разрешува затоа што не може да ги исполни очекувањата од работното место и би било нелогички и неетички да се врати на истото работно време, изјави денеска Битиќи.
Божиновски пред три години бил разрешен и за тоа земал отпремнина, а во меѓувреме пред да се врати на истата функција работел во „Марнет“, Македонска академска истражувачка мрежа која е формирана од Владата.
