Менувам 150 пара ракавици дневно: Исповед на Елена Цветковска, медицинска сестра во Институтот за имнунобиологија
Здравствените работници од почетокот на месец март годинава, скоро 24/7 се на работа. Особено оние кои се во директен контакт со пациентите кај кои е регистриран Ковид-19 и сите оние кои сакаат да се тестираат и сакаат да дознаат дали се позитивни на коронавирус.
Медицинската сестра Елена Цветковска која работи во Институтот за имунобиологија и хумана генетика повеќе од 21 година, е една од медицинските лица кои се во директен контакт со пациентите и работи со нив повеќе од 12 часа дневно.
„ Од кога почнаа да се анализираат серолошкоте тестови за Covid19 на институтот се дојдени неколку илјади луѓе за тестирање, а во зависност од дневниот број на пациенти за тестирање, менувам од 30 до 100, некогаш и по 150 пара ракавици“, споделува Елена со читателите на Женски магазин.
