МЕНУВАЧНИЦИТЕ НЕ СМЕАТ ДА ГИ ЧУВААТ ДЕВИЗИТЕ, ЗА ТОА МОЖАТ ДА БИДАТ И КАЗНЕТИ - гувернерката потврди дека има засилени контроли
Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување може да се санкционира, вклучително и со одземање на дозволата за работа, порачува гувернерката.
Таа истакнува дека домашната валута е стабилна, но и дека има доволни количини девизи на пазарот доколку некој сака да купи.
Слично
