Економија, финансии, бизнис

Контакт

Менкиноски ќе ја оспори одлуката на бугарските власти со која му е изречена забрана за влез, а откри и кој ќе го застапува

Менкиноски ќе ја оспори одлуката на бугарските власти со која му е изречена забрана за влез, а откри и кој ќе го застапува

Адвокатот Тони Менкиноски најави дека ќе ја оспори одлуката на бугарските власти со која му е изречена забрана за влез во Бугарија до 2036 година. Тој вели дека во постапката правно ќе го застапува бугарскиот Хелсиншки комитет за човекови права.

Менкиноски, кој ги застапува македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кажа дека одлуката на источниот сосед ја доживува како форма на заплашување.

Бугарскиот Хелсиншки комитет ќе ја преземе правната поддршка во постапката пред надлежните бугарски судови, со цел да се преиспита законитоста на одлуката за забрана за влез и неговото внесување во националниот алармен регистар.

Паралелно со судската постапка во Бугарија, тој најавува активирање и на механизми пред релевантни меѓународни институции за заштита на човековите права. Во правниот тим, како што посочува, ќе бидат вклучени и адвокатски канцеларии од Франција и Израел, кои ќе работат на меѓународниот аспект на случајот.

Менкиноски смета дека случајот отвора сериозни прашања поврзани со владеењето на правото, независноста на адвокатурата и почитувањето на европските стандарди за човекови права.

Тој додава дека постојат повеќе механизми за оспорување на ваквата одлука, меѓу кои и пред Советот на Европа и Обединетите нации. 

foto printskrin TV 24

Слично

Поврзани вести