Економија, финансии, бизнис

Контакт

Менкиноски: Двата пасоши на Камчев се во судот

Менкиноски: Двата пасоши на Камчев се во судот

Тони Менкиноски, правниот застапник на Орце Камчев, вели дека бизнисменот добил 30-дневен притвор само врз основа на една белешка од Агенцијата за национална безбедност и за наводна дојава од Лиле Стефанова како обвинител од Радовиш

„Да се притвори на Прочка е садизам. Обвинител од Радовиш пред судот побара Камчев поради некаква индиција од страна на БНБ да му се даде притвор. А претходно 30 месеци не е подигнато обвинение за случајот „Империја“, рече адвокатот пред новинарите.

Тој рече дека и двата посоши на Камчев - македонскиот и бугарскиот, се во судот. Бизнисменот попладнево е притворен поради можно бегство пред судењето за случајот „Плацеви на Водно“.

„Даден е капитал како гаранција и пасошите. И да сака не може да ја напушти Македонија Двата пасоши се во овој суд. Камчев вработува 3.000 луѓе во Македонија. Денеска е во притвор само поради некоја дојава, а утре тоа може на секого да му го направат. Се надевам дека за многу брзо оваа мерка ќе биде санкционирана од Европскиот суд за човекови права“, додава Менкиноски.

Тој вели дека ниту ја има содржината, ниту му биле дадени насоки за аргументите за приведувањето, како и за тоа дека Овинителството за организиран криминал треба да ги докаже тие дојави. Тврди дека воопшто не биле презентирани документите на АНБ

„Тој инвестиора во ова време на пандемија, има деловни потфати за јавното здравје на сите луѓе, а овдека има одлука за 30 дневен притвор во Шутка“, додава Менкиноски.


Слично

Поврзани вести