„МЕНЕ НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА ШТО ПРАВЕЛА ВМРО ДОДЕКА БИЛА НА ВЛАСТ, МЕ ИНТЕРЕСИРА ШТО ПРАВИ СДСМ СЕГА КОГА Е НА ВЛАСТ“: Најчевска за откривањето на проневерата на ВМРО во 2015 година
Мене во моментов не ме интересира што правела ВМРО кога била на власт.
Ме интересира што прави СДСМ сега кога е на власт.
Ме интересира зошто некој од надвор би требало да ни кажува за проневерени пари од државни институции.
Па нели зради тоа ја симнавме од власт ВМРО и тие кои дојдоа по нив дојдоа со ветување дека ќе ги истражат сите криминали, ќе ги казнат криминалците и ќе ги повратат парите.
После 7 години на власт мора да дојде некој од надвор за да ја заврши нивната работа?
Па уште и се фалат со сопствената неспособност.
Слично
