Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мендух Тачи надгледувал одлепување плакати и кршење билборд

Мендух Тачи надгледувал одлепување плакати и кршење билборд

Лидерот на владиниот коалиционен партнер ДПА, Мендух Тачи, доцна синоќа надгледувал вандалски чин во Тетово во кој се одлепувале плакати и се вандализирал билборд на политички конкурент, по што бил сопрен од полицијата, објави „Слободен печат“.

Во СВР-Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ од страна на неколку лица кои се движеле со патнички моторни возила „Голф“ и „Ауди“ црна боја со затемнети стакла, биле одлепувани плакатите, а во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ бил и искршен билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник од политичката партија Алијанса на Албанците.

Патничкото моторно возило „Ауди“ било сопрено и пратеникот бил легитимиран од полицијата, а по преземање на соодветни мерки настанот ќе се процесуира по редовна постапка.

Слично

Поврзани вести