Мендух Тачи откри зошто Беса ја напушти Владата: Заев постојано велеше „ДУИ не дава“
Препседателот на ДПА, Мендух Тачи, и коалиционен партнер во Владата вели дека премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, не бил во можност да ги испочитува барањата на БЕСА и ДПА поради тоа што ДУИ не дозволувал.
Во емисијата „КликПлус“ искусниот политичар рече дека тоа е причината поради која БЕСА се налутила и ја напуштила коалицијата.
„Ние имаме коалициски договор со СДСМ, не со ДУИ. Многу од нашите барања кои беа договорени при составување на оваа владина коалиција, не се реализирани од СДСМ. Но, ние молчевме. Молчевме за да дадеме шанса процесите да одат напред. БЕСА тука се налутија, не се реализирани многу кадровски ветувања. Истото е и со нас. Заев ни велеше дека проблемот не е до него, туку дека ДУИ не дава, рече Тачи.
Тој додаде дека сепак сега е друго време и не треба коалицијата да се навраќа на ова, туку да се даде поддршка на актуелното мнозинство, за на 15-ти декември Македонија да добие датум.
