Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мендух Тачи го искритикува поглаварот на ИВЗ

Мендух Тачи го искритикува поглаварот на ИВЗ

Наспроти ставот на ДУИ дека државата не треба да влијае на тоа кој ќе ја води Исламската верска заедница, Мендух Тачи, претседателот на ДПА, го искритикува нејзиниот поглавар Сулејман Реџепи.

Тачи во гостувањето на ТВ „Клан“ изнесе низа критики за реисот откако не му го отстапи своето место на Скендер Бузаку, кој пак се декларира како нов лидер на заедницата со добиено судско решение и регистриран како таков во Службен весник.

„Ги собрал луѓето во една соба, го сменил уставот на ИВЗ со желба да биде доживотен поглавар. Институциите треба да интервенираат. Овој криминалец излегува пред камери и вели - јас сум босот. ИВЗ треба да се ослободи. Треба отчет за аџилакот и парите кои аџиите ги давале на ИВЗ и за многу друго“, изјави Тачи.


Слично

Поврзани вести