Економија, финансии, бизнис

Контакт

Менаџментот тврди дека „Аватар“ е кафуле, а не ноќен клуб

Менаџментот тврди дека „Аватар“ е кафуле, а не ноќен клуб

И покрај кривичната пријава, ноќниот клуб „Аватар“ вчеравечер одржал голема забава со музика во живо во Струмица, а менаџментот за неколку национални телевизии денеска тврди дека објектот и дејноста се регистрирани како кафуле, а не ноќен клуб.

Од таму велат дека работат на отворено, масите се раздвоени и дека не можат да им наложат на гостите со сила да носат заштитни маски, додека како што велат тие, има слични забави и кај други објекти

Иако има забрана за работа на ноќните клубови, во Струмица во клубот „Аватар“ и во петокот и во саботата се одржале журки, пошто пазарниот инспекторат денеска ќе бара законски основи како да биде казнет субјектот.

Одредени медиуми информираат дека „Аватар“ може да биде санкциониран за „предизвикување општа опасност“ и дека поканите за ноќни забави се избришани од социјалните мрежи.



Слично

Поврзани вести