Економија, финансии, бизнис

Контакт

Менаџментот на „Македонски навигации“ преку судот сака да го спречи штрајкот на 20 октомври

Менаџментот на „Македонски навигации“ преку судот сака да го спречи штрајкот на 20 октомври

Менаџерскиот тим на М-НАВ за да ги спречи најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври од страна на контролоорите на летови, до Граѓанскиот суд Скопје поднел Тужба со предлог мерка за забрана за организирање на блокадата.

Во рок од 5 дена Судот треба да се изјасни за времената мерка, а потоа и да донесе одлука, пресуда. Ова уследи откако Струковиот синдикат на контролорите на летање пред една недела најави штрајк на 20 октомври поради непотребни партиски вработувања со кои продолжува да се полнат „Македонски навигации“ со дозвола на Управниот одбор.

Според најавата за штрајк, нема да има полетувања и слетувања на Скопскиот и на Охридскиот аеродром од 10 до 15 часот на 20 октомври. Ќе се работи само со еден сектор со максимален број на 30 авиони што ќе ја прелетуваат Македонија, односно со намален капацитет за околу 50 посто од постоечката побарувачка и тоа ќе се повторува секој следен понеделник во исто време.


Слично

Поврзани вести