Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕНАЏЕРИ ОД МИТИНЗИ И СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Како кандидатите за градоначалници ќе министеруваат и ќе „ловат“ гласови истовремено?

МЕНАЏЕРИ ОД МИТИНЗИ И СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Како кандидатите за градоначалници ќе министеруваат и ќе „ловат“ гласови истовремено?

Изет Меџити за Чаир, Фатмир Лимани за Кичево - двојка која ќе седи на Илинденска додека на терен, ќе ја бара довербата од жителите на овие две општини. Кампањата на ниту еден кандидат за градоначалник досега не била само по 17 часот попладне, но за премиерот Христијан Мицкоски тоа не е проблем, бидејќи смета дека и претходно имало функционери кои се кандидирале за градоначалници додека биле министри. 

„Секој министер има и заменик-министер. Тие не поднесуваат оставка. Нормално е дека ќе ги извршуваат своите обврски во рамки на ресорите каде што се министри и истовремено ќе бидат кандидати. Тоа не е првпат да се случува, често пати се случувало во минатото.“, рече Мицкоски.

Но, примерите за високи функционери кои станале кандидати за градоначалници се поинакви. Ексминистерот за здравство, Арбен Таравари како кандидат за градоначалник се повлече од владата во 2017 година. 

И Горан Сугарески, кога се кандидираше за градоначалник на Прилеп, поднесе оставка од позицијата директор на Царинската управа, нешто што го стори и Теута Арифи, која за да се кандидира за градоначалник на Тетово, си поднесе оставка од вицепремиерската позиција.

Има и примери кога пратеници станале кандидати за градоначалници - Кај нив, состојбата е различна, бидејќи Собранието работи со многу мал капацитет кога во тек се изборни процеси. 

Досега, ниту министерот за животна средина Меџити, ниту министерот за социјална политика Лимани не понудија оставки, иако првично, Меџити најави повлекување од владата. 

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести