Економија, финансии, бизнис

Контакт

Менаџер на продавница во трговски центар во Чаир си присвоил 2.7 милиони денари

Менаџер на продавница во трговски центар во Чаир си присвоил 2.7 милиони денари

Скопјанец e осомничен за затајување. 

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18 декември 2025 година до 4 февруари 2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел. Бидејќи откако бил откриен тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложи и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот“, велат од ОЈО. 

Притоа, обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство како и фактот дека осомничениот ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице.

Слично

Поврзани вести