Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мемов ретерира за ВРЕДИ: Вчера изнесениот став бил личен, а не партиски

Мемов ретерира за ВРЕДИ: Вчера изнесениот став бил личен, а не партиски

Никола Мемов од ЗНАМ тврди дека вчера изнесениот став бил личен, а не партиски.

Откако вчера вечерта тврдеше дека ВРЕДИ го изиграле ВМРО-ДПМНЕ на изборите, денеска ретерира.

„Вчерашната објава на мојот Фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции. Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период“, пишува тој. 


Вели дека по локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени. 

Тој преку Фејсбук претходно упати критика кон ВРЕДИ, обвинувајќи ги дека ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски.   

Слично

Поврзани вести