Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мемети: Подобрена е комуникацијата со власта

Мемети: Подобрена е комуникацијата со власта

Народниот правобранител Иџет Мемети во интервју за Радио Слободна Европа тврди дека со промената на власта има позитивна разлика во однос на почитувањето на неговите препораки.

- Има во однос на комуникацијата. Со самиот факт дека полесно се комуницира и дека подостапни се институциите и тоа суштински, зборува за тоа дека очигледна е примената. Од друга страна, постои една прифатеност и на нашите општи препораки со самиот факт дека сегашното Собрание усвои над 70 мерки и ја задолжи извршната власт, а таквите мерки произлегуваат од работата на Омбудсманот, е одличен или добар показател. Сега за Извештајот од 2017 година, Собранието на комисиска расправа исто така ги помина над 60 наши препораки кои ги преточиле во мерки и верувам дека ќе ги усвојат и ќе и бидат дадени како обврска на Влада да ги спроведе, а во тие мерки има доста работи во однос на подобрување на системите, без ралика дали се работи за управното судство, за социјалата, полицијата, затворскиот систем - вели тој во едно од прашањата.

Мемети признава дека во минатото со големи проблеми се соочувало правосудството.

- Факт е дека во целиот овој процес, во сите овие збиднувања што ги имавме овие години и тој систем не остана имун, тој систем се разниша и падна под разни влијанија. И таму регрутирањето на судиите било доста проблематично и доста исполитизирано со години наназад. Сите овие околности доведоа тој систем да не успее да биде гарант на граѓаните во тоа што значи заштита на уставните слободи и права. Граѓаните почнаа да се плашат од тој систем, наместо да го имаа за сојузник дека е тој правичен и ако кој било згреши таму ќе ја добие правдата. Ние сме постојано во реформа на тој систем, само кај нас се случува со смена на властите сè што било направено да не се смета, туку од доаѓањето на власта да се смета од неа почнуваат реформите - вели Мемети.


Слично

Поврзани вести