Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мемети: Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество

Мемети: Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество

Народниот правобранител се приклучи одбележување на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби со апел до сите чинители во општеството во следниот период уште позабрзано и попосветено да работат на целосна интеграција на лицата со посебни потреби со што би се оствариле нивните права.

– Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Во тој поглед да ги направиме достапни за сите, градинките, училиштата болниците, државните институции, телевизиските емисии… Само на тој начин ќе покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности. Но, на ова да не бидеме посветени само еден ден, денес 3 декември, туку и останатите 364 денови во годината. Само така, ќе ја покажеме нашата грижа за секоја единка во општеството, вели Мемети во соопштението.


Слично

Поврзани вести