Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мемети бара одговорност за апсењето на пратениците кои имаа имунитет

Мемети бара одговорност за апсењето на пратениците кои имаа имунитет

Народниот правобранител Иџет Мемети констатира дека со приведување на пратениците, осомничени за случувањата од 27. април 2017-та е повредено правото на пратенички имунитет и начелото презумција на невиност, поради непочитување на одредбите од страна на полицијата. 

Тој се обратил до полицијата од каде побарал објаснувања, информации и докази за постапувањето на полицијата при приведување на пратениците.

Од МВР ги дале сите документи кои ги побарал народниот правобранител, но не одговориле на ниту едно прашање на Мемети.

Конкретно се работи за прекршување на членот 19. од Правилникот за вршење на полициски работи во кој се вели дека доколку лицето покаже статус со кој му се дава имунитет, не смее да биде приведено. Според народниот правобранител, полицискиот службеник кој го извршил приведувањето бил известен за имунитетот кој го поседуваат пратениците, но и покрај тоа тој го извршил апсењето.

Мемети смета дека судиите кои го водат случајот ја злоупотребиле мерката притвор како казна за пратениците.

Народниот правобранител доставил препорака до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во која бара да се спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапување на полициските службеници, кои на 28. ноември ги приведувале пратениците, да се утврди одговорност и да се санкционираат прекршителите на правата на пратениците.

Kонстатацијатa на Meмети следи по доставената претставка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потпишана од 33 пратеници, во која се истакнува дека при приведувањето има грубо кршење на Уставот и останати правни процедури.

Слично

Поврзани вести