Мемеди: За вината зборат правните органи, а не клеветниците и насилниците
Весел Мемеди, лидерот на албанската партија „Национална Демократска Преродба“ и се обрати на јавноста за да објасни што значи наводното запленување на неговиот мобилен телефон со што многумина се посомневаа дека тој е можеби следен осомничен од обвинителство во врска со насилствата на 27 април, истакнувајќи дека е време да се дознае вистината за настаните од 27 април и да се докаже неговата невиност во истите.
„Го поздравувам ова определување на новата власт која ја создадовме со голем напор и жртвување, за да прв пат да им се овозможи на институциите место да се посветат сериозно на обеледување на вистината која долго време ја очекуваат граѓаните на Македонија. Во оваа акција на правните органи за обедолување на вистината за настаните во парламентот, беше вклучено и моето име како еден од осомничените за овој настан. Намерно молчев, за да им се овозможи на овие правни органи непречено и професионално да си ја завршат работата без ниедна внатрешна или надворешна пречка. Иако моето име беше спомнато без ниедно право, мило ми е штo дојде време што за нашата вина или невиност да зборуваат правните органи, а не насилниците и клеветниците. Јас сум горд што во ниедна можност, со ниеден факт, не сум вклучен во ниeдна противзаконска активност, и очекувам од правните органи и јавно да се произнесат и да ја верифицираат мојата невиност, и заедно со верните членови на НДП и нашите семејства да бидеме уште по горди“ вели Мемеди во соопштението.
Тој ги повика сите граѓани на Македонија да немаат страв од правдата и правните органи, туку да соработуваат и да ги подржат до крај, за да, како што вели, на оваа работа да ѝ се стави крај. Тој исто така ја поздравува одлуката на правните органи да ги ослободат сите невини во случајот Монструм, и, како што соопшти, бара да се најдат вистинските убијци и што побргу да излезат пред судот. „Верувам дека ова е почетокот на крајот на неправедноста во име на државата“ завршува Мемеди.
