Мемеди: Се обидувате да ги убедите граѓаните дека ова е опасна игра
Пратеникот од Алијансата за Албанците, Весел Мемеди изјави дека говорите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се во насока да се обидат да ги убедат граѓаните дека тоа што се случува е опасна игра.
Тој нагласи дека иако знаат да ги убедат граѓаните дека Македонија е во опасност, треба да знаат како и да ги смират, во спротивно ќе биде опасно затоа што ќе ни се случи ефект на пеперутка.
„Добро знаете како функционира психологијата на граѓаните. Се обидувате да кажете дека ова е опасно, предизвикувате последици во перцепцијата на граѓаните, што не е коректно“ - рече Мемеди.
Тој вели дека се праќа погрешна перцепција до граѓаните.
„Ќе ви посочам еден пример за она што вие го правите. Си разговарале две верски лица и едното му рекло на другото зошто не ги повикате сите духови кога веќе ја знаете молитвата. Вториот верник му рекол, јас ја знам молитвата како да ги повикам, но не ја знам другата, како да ги избркам од дома.Така и вие, ако знаете како да ги убедите луѓето, ќе треба да знаете како да ги смирите. Но, тоа не е лесно“- кажа Мемеди.
Тој на колегите од ВМРО-ДПМНЕ им рече дека се вртат опасни тези.
