Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мемеди: Ако платформата е противуставна тогаш притворете не, а не да барате нови избори

Мемеди: Ако платформата е противуставна тогаш притворете не, а не да барате нови избори

Ако заедничката декларацијата на албанските партии е противуставна тогаш притворете нè, а не да барате нови избори, изјави пратеникот на Алијансата за Албанците, Весел Мемеди денеска во Собранието. 

„Ниту вие  ниту вашите бетмени да не ја бранат државата. Вие што помалку ја браните Македонија тоа подобро, помалку шамари ќе добие државата. Ако декларацијата е против уставна, го нарушува суверенитетот на државата тогаш треба да покренете постапка и да нè затворите, а не овде да не држите. Наместо да го направите ова, вие барате нови избори“ - рече Мемеди.

Тој овие пораки ги упати до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Конститутивната седница и денеска трае. 

Слично

Поврзани вести