Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мекејн: Загрижен сум за Македонија, не е во ничиј интерес таа да се распадне

Мекејн: Загрижен сум за Македонија, не е во ничиј интерес таа да се распадне

Не е во ничиј интерес да се распадне Македонија, изјави влијателниот републикански сенатор од сојузната држава Аризона и поранешен претседателски кандидат, Џон Мекејн за српската редакција на Гласот на Америка. 

Според него, потребен е поголем ангажман, посредување, во мошне динамичната и експлозивна состојба во Македонија. За тоа  каква треба да биде улогата на САД на Балканот, Мекејн додава дека е потребен поголем ангажман, со цел Вашингтон да ја потврди поддршката за регионот. Тој смета дека балканските земји треба да бидат вклучени во заедничките воени операции со САД, особено тоа важи за земјите од регионот коишто се дел од НАТО.

„Загрижен сум за Македонија. Не предвидувам војна или конфликт, но велам дека напнатоста е голема и ситуацијата излегува од контрола, и бара поголем ангажман од САД, но и од ЕУ“- вели тој. 

Мекејн коментира дека САД треба да изразат благодарност земјите од Балканот, за помошта во Авганистан, но и учеството во други мисии во светот.

Изрази загриженост дека вниманието и фокусот на САД го одвратиле состојбата во Русија, Украина, Блискиот Исток, Кина, наместо на Балканот. Според него, ниту, пак, Европејците немаат доволен ангажман во регионот и не се активни во решавање на наталожените проблеми. Тој е со став  дека иако има огромен напредок од 1990-те, и натаму има значителни притисоци и нестабилност, коишто наместо да се намалуваат, растат и се зголемуваат.

Слично

Поврзани вести