Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕКДОНАЛДС ОДАМНА ЗАМИНА, НО ЃУБРЕТО ОСТАНА: Сопствениците не сакале сами да си исчитат, ама Аеродром ќе им достави фактура

МЕКДОНАЛДС ОДАМНА ЗАМИНА, НО ЃУБРЕТО ОСТАНА: Сопствениците не сакале сами да си исчитат, ама Аеродром ќе им достави фактура

Иако Мекдоналдс замина од земјава пред повеќе од 10 години, просторот кој го користеше компанијата во општината Аеродром, со години е мини јавна депонија.
Со оглед на тоа што сопствениците на просторот добиле налог од општината да ја исчистат запуштената локација, сопствениците тоа не го направиле, па екипи на комуналната служба на Аеродром, денес го чистеа просторот.
Од општината нема да им простат на сопствениците на просторот, па најавија дека фактурата за чистењето ќе им биде доставена.
„Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект.

 Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа на терен излегоа комуналните екипи на Општината.

По уредувањето, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи.

Општина Аеродром останува посветена на чиста, безбедна и уредна средина и ќе продолжи решително да реагира секаде каде што сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски“, објави општина Аеродром. 


Слично

Поврзани вести