Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЈЛ АДРЕСИТЕ НА УЧИЛИШТАТА СЕ ПРОМЕНЕТИ, НО СЕ НА СЕРВЕРОТ НА МОН И ПОВТОРНО БОМБИ: Децата ќе се вратат на онлајн настава?

МЕЈЛ АДРЕСИТЕ НА УЧИЛИШТАТА СЕ ПРОМЕНЕТИ, НО СЕ НА СЕРВЕРОТ НА МОН И ПОВТОРНО БОМБИ: Децата ќе се вратат на онлајн настава?

Дојави за подметнати експлозивни направи и денеска се пристигнати во 16 училишта и тоа околу во 9.30 часот. Веднаш биле известени во МВР, по што е спроведена акција на терен, односно евакуација и проверка на сите училници и простории.

Претходно од Министерството за образование и наука до сите училишта стигна препорака доколку има дојава за бомба, наставата во текот на денот да продолжи онлајн за да нема губење на часовите.

МОН посочува дека на учениците им се дава еден час да стигнат дома и да се вклучат на настава.

Во дописот кој МОН го испратил до основните и до средните училишта биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.

Инаку, денеска за континуираниот проблем со дојавите за бомби во училиштата, премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека училиштата ги промениле мејл адресите, но тие се на ист сервер, односно на серверот на МОН.

А, како мејл адресите на училиштата веднаш се нашле кај тие што пријавуваат  бомби, се запраша денеска премиерот, тоа според него е проблем на повисоко ниво.

– Претпоставка би била дека вклучува некој кој што не сака Северна Македонија да ја има својата надворешна политика, онаква каква што ја има, односно усогласена со ЕУ и усогласена со НАТО, оцени премиерот. 


Слично

Поврзани вести