Мехмедовиќ: Делта варијантата многу брзо се шири како пожар
Доктор Злате Мехмедовиќ вели дека до крајот на летото ќе има нов бран со индискиот сој.
Вели дека делта варијантата многу брзо се шири како пожар.
„Интензитетот на четвртиот бран ќе зависи од тоа какви мерки ќе има и колку од населението ќе биде имунизирано“, изјави Мехмедовиќ за Сител.
Смета дека до крајот на август и почетокот на септември ќе имаме поголем број на заразени, од кои повеќето со индискиот сој.
Овој сој е присутен и во Македонија. Со него се заразиле луѓе кои не биле вакцинирани.
Слично
