Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународна потерница за Агим Красниќи и Сехат Рамадани

Меѓународна потерница за Агим Красниќи и Сехат Рамадани

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Агим Красниќи и Сехат Рамадани по бегството од затворот во Штип.

Двајцата членови на групата од Кондово која пред 15 години се закануваше дека ќе го нападне Скопје не се врати назад во затворот по добиеното викенд-отсуство.

Красниќи има за доиздржување уште три години и три месеци од казната затвор, додека Рамадани уште осум години и седум месеци.

Заедно со Игор Спасов, кој како полициски службеник го уби Мартин Нешковски, се тројца најнови осуденици во низа по кои е распишана потерница за бегство од штипскиот затвор.


Слично

Поврзани вести