Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“: Сведок кажа дека била измамена и дала 250.000 евра на Јовановски

„МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“: Сведок  кажа дека била измамена и дала 250.000 евра на Јовановски

Напнато беше денеска на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Јованка Стојановска-Кухар изјави дека му дала околу 250.000 евра на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, додавајќи дека ја собрала наведената сума планирана за инвестиција со продажба на три стана.

Стојановска-Кухар тврди дека за возврат од Јовановски добила понуда да работи во  „Меѓународен сојуз“, а се осврна и на свечен настан во Музејот на современа уметност, за кој немала сомнеж дека станува збор за измама. Судот даде пауза со цел смирување на ситуацијата по исказот на Стојановска – Кухар. Јовановски рече дека сведокот лаже. Toj во овој случај е обвинет за измама и перење пари.

Слично

Поврзани вести