„МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“: Обвинетите одбија да ги испрашуваат Богоев и Петровска
Се одржа ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, при што градоначалниците на Карпош и Битола, Стефан Богоев и Наташа Петровска, денеска се појавија во Основниот кривичен суд во Скопје да сведочат по предлог на одбраната, но обвинетите и нивните адвокати одбија да ги испрашуваат, бидејќи Судот одби прво да се изведат докази кои одбраната ги достави на уесбе.
Богоев и Петровска беа повикани откако претходно се споменуваа дека со нив имало разговори, затоа што на локации во нивните општини требало да се градат Европските центри за возрасни лица. Пред судиите сведочеше директорката на Македонска авторска агенција, Нина Старделова која рече дека Бојан Јовановски, повеќе од 15 години примал хонорари преку агенцијата што таа ја води.
Случајот се наоѓа во доказна постапка. Следното рочиште е закажано за 26 мај. Во случајот обвинети се Бојан Јовановски, неговиот татко Миле, Фросина Ременски и уште неколкумина од невладината.