Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓу починатите од коронавирусот има и млади луѓе

Меѓу починатите од коронавирусот има и млади луѓе

Меѓу починатите од коронавирусот денеска има и млади луѓе. 

Најмладите имаат 34, 35 и 39 години. Сите други се повозрасни. 

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (35г, 39г , 61г, 69г, 73г, 80г ,84г), 6 лица од Куманово (65г, 70г, 73г, 74г, 76г и 87г), по 3 починати лица од Прилеп ( 71г,72г и 77г) и Битола (64г,65г и 74г), по 2 лица од Кавадарци (75г и 76г), Велес (53г и 79г), Штип (67г, 69г), Струмица(54г и 84г), Крива Паланка(71г и 72г) и Струга(62г и 72г), по едно лице од Гостивар (77г), Кочани (34г), Кичево (57г)и Охрид (77г). Од починатите пациенти, сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937.

foto freepik

Слично

Поврзани вести