Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓу починатите денеска и лица на 35 и 36 години: Битката ја губат и помладите

Меѓу починатите денеска и лица на 35 и 36 години: Битката ја губат и помладите

Двоцифрен број починати лица и во последното деноноќие регистрира Институтот за јавно здравје. 

Објави дека починати се 24 лица од нив 12 се од Скопје. Она што е забележително е дека меѓу нив има двајца пациенти под 40 години односно еден бил само 35 години, другиот 36 години. Останатите се над 60 години.

Двајца од починатите се од Куманово - имале 62 и 77 години, тројца се од Битола. Меѓу нив и медицинската сестра за која објавивме и која има 55 години. По еден починат пациент има од Струга (73 години), Велес (76 години), Охрид (63 години), Струмица (56 години), Крива Паланка (53 години), Кочани (42 години) и Кичево (65 години). 

Пациентите се починати во болнички услови.

Слично

Поврзани вести