Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЃУ ПАКУВАЊА СО КАФЕ СКРЕНИ 580 ПАРЧИЊА КУРШУМИ ВО АВТОБУС НА ДУРМО ТУРС - Царина со детали за заплената (ФОТО)

МЕЃУ ПАКУВАЊА СО КАФЕ СКРЕНИ 580 ПАРЧИЊА КУРШУМИ ВО АВТОБУС НА ДУРМО ТУРС - Царина со детали за заплената (ФОТО)

Царинска управа денеска објави детали за апсењето на две лица при контрола на автобус на „Дурмо турс“ каде биле пронајдени скриени пачиња муниција. 
- Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата.

Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица - се посочува во нивната објава. 

Инаку делото е откриено на 26ти месецов кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. 
- Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар.

Царинската управа продолжува со засилени активности за заштита на безбедноста на граѓаните - се нагласува во нивната објава. 



Слично

Поврзани вести