Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓу новозаразените има и многу патници кои доаѓаат од странство

Меѓу новозаразените има и многу патници кои доаѓаат од странство

Голем удел во бројот на новозаразени со коронавирусот периодов се патниците кои доаѓаат од странство. Ова го кажа министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Телма.  Сепак, дали тие се носители на делта-варијантата се утврдува дополнително. 

Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Ако се воведат, тие ќе бидат само за невакцинираните граѓани.

Вели дека епидемиолошката состојба е влошена. 

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар - по 1.

Слично

Поврзани вести