Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓу новите имиња на скопските улици, 102 истакнати Албанци

Меѓу новите имиња на скопските улици, 102 истакнати Албанци

Од вкупниот број предложени 570 имиња за преименување на улици, плоштади и мостови во Скопје, 102 имиња се имиња на истакнати албански личности, кои дале огромен придонес во различни сфери на општеството, почнувајќи од националните прашања, во литературата, спорт, култура, политика и песна. 

Предлози во изборот на некои одобрени албански имиња дал Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Дел од оваа листа се имињата на албанската ренесанса како, Константин Кристофориди и Наим Фрашери, името на албанскиот архитект во Османлиската империја - Синан Мимар, а тука се и Имер Призрени, Авни Рустеми, Неџат Аголи, активисти на националната кауза како Адем Демачи и Ибрахим Ругова, но и писатели, поети, новинари, спортисти, уметници и пејачи како Дритеро Аголи, Фатос Арапи, Сефер Муслиу, Адем Микуловци, Агрон Бериша и Ментаз Алајбегу.

На седницата на Советот на град Скопје вчера со 26 гласа „за“, 14 „против“ и 2 воздржани беше одобрена Одлуката да се даде зелено светло за комплетирање на Списокот со имиња на улици и плоштади.


Слично

Поврзани вести