Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓу Лерин и Битола и денеска имаше серија земјотреси

Меѓу Лерин и Битола и денеска имаше серија земјотреси

Јужниот дел од земјава и натаму го тресат земјотреси. 

Серија земјотреси денеска имаше меѓу Лерин и Битола, а најсилниот беше од 3 степени по Рихтер. 

Епицентрите биле на 120 километри јужно од Скопје. 

„Според досегашните податоци, од населението во градот Битола и околината најсилно беше почувствуван земјотресот во 10.46 часот, со локална Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, велат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Веќе пет дена Македонија ја тресат земјотреси. Се тресеше Битола, но и Скопје. Има материјални штети во Битола, Ресен, и ќе се изврши проценка. Во тек е пријавувањето. 

Слично

Поврзани вести