Крај за инвеститори со апетит за мегаломански проекти во Охрид
Mегаломанските проекти во Охрид се стопирани. Ова го потврди премиерот Заев од собраниската говорница каде одговара на прашањата од пратениците.
Заев кажа дека мораториум за проектите има и дека ќе се придржуваат до тоа, согласно препораките на УНЕСКИ, а не по волја на локалната и централната власт.
„Во разговори со Европската банка за обнова и развој штом ќе завршат сите еколошки студии и аспекти, согласно потребите на Комитетот на УНЕСКО тогаш ќе бидат и продолжени. Железничката пруга Кичево-Лин исто така ќе биде целосно согласно укажувањата на УНЕСКО. Политиките на локалната и на централната власт се дека мегаломанството во градењето на Охрид е стопирано“, посочи Заев.
Тој дека секој инвеститор што сака да гради во Охрид и има мегаломански апетити тоа нема да биде одобрено.
