Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мега ди-џејот Аоки го откажал настапот поради лошо озвучување, а не поради дождот?

Мега ди-џејот Аоки го откажал настапот поради лошо озвучување, а не поради дождот?

Општина Центар во обид да ја организира својата црвено-бела ноќ, одлучи да настапи мега ѕвездата и еден од топ 10 најпознати ди-џеи во светот Стив Аоки. Но, иако најавен диџејот Стив Аоки настапеше на црвено-белата ноќ.

„Градоначалникот Жерновски постави слика на социјалните мрежи со диџејот Аоки објаснувајќи дека чекаат да преврне дождот. Но причината сепак беше лошото озвучување, каде што луѓе вклучени во постапката на организација коментираат дека мега ѕвездата Стив Аоки видно нервозна за скандалот и измамата кои му ја приредиле од Жерновски и општина Центар одлучил да не настапи и си заминал“, јавува Курир.

Според порталот, општина Центар исто така во обид на изговор зошто Аоки нема да настапи на црвено-белата ноќ во 23 часот откако прекина дождот, истакнаа дека не сакале да им го нарушуваат мирот на жителите на Центар бидејќи било доцна.

Градоначалникот Жерновски претходно на 19.05.2016 распишал тендер за јавниот настап на ди-џејот Стив Аоки, тендер чија процедура била обжалена и поништена од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Веднаш потоа градоначалникот на ден 02.06.2016, еден ден пред настанот кој се одржува на 03.06.2016,  побарал од Советот за јавни набавки одобрение да договори озвучување во постапка со преговарање без објавен оглас, во висина од 900.000 денари без ДДВ или целосна сума од 1.062.000 денари. Поради низа недоследности Советот за јавни набавки не го одобрил барањето, јави Курир.

Слично

Поврзани вести