Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЏИТИ ЗА ГАШИ: Се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг

МЕЏИТИ ЗА ГАШИ: Се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека собранискиот спикер Африм Гаши на приватното патување во Косово, иако е втор човек во државата, побарал да се намали нивото на безбедност за да има повеќе приватност. 

Сепак, како што кажа,  тоа не му било дозволено заради протоколите.

„Прво, се работи за втор човек во државата и мислам дека протоколот за безбедност е многу строг. Имам разговарано и со Гаши и со претходниот претседател на Собрание и со Јован и со Талат, многу работи сакаат да ги нема во секојдневниот живот, значи тоа се работи за деца и за жената. Значи, постојано се под строг надзор, строго обезбедување пришто се губи приватноста, посебно кај децата. Но, заради тоа што е втор човек во државава и покрај тоа што побарал да се намали тоа ниво на безбедност, да има повеќе приватност, не е дозволено заради протоколите. И тој е многу среќен за такво ниво на безбедност и опкружување со безбедносни сили. Побарал значи тоа да се скрати. Но, не може да ги промени тие протоколи што се за безбедност, бидејќи тука државата одлучува, а не индивидуално“, рече Меџити во вечерашното гостување на „Вести плус“ на Телевизија Канал 5.

Со денови се говори во јавноста затоа што Гаши со службено возило отишол по невеста на Косово, а потоа се дозна дека дел од поворката не ни поминала на пасошка контрола. 

Слично

Поврзани вести