Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЏИТИ ВО ТИРАНА: Донесовме промена кај Aлбанците, oва е сосема друго ВМРО

МЕЏИТИ ВО ТИРАНА: Донесовме промена кај Aлбанците, oва е сосема друго ВМРО

Новата Влада е нов почеток за Македонија, бидејќи сегашната ВМРО-ДПМНЕ не е заложник на хипотеките од минатото, а се случи и долгоочекуваната промена која донесе создавање на Влада без ДУИ, која цели 22 години, ја монополизираше албанската политика, а македонските партии постојано се менуваа, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити на Конференцијата на амбасадорите во Тирана, организирана од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

„Мислам дека сега е сосема друго ВМРО, тоа е нов почеток. Таму сме како претставници на Албанците, легитимно, ги претставуваме Албанците, но придонесуваме и за ориентацијата на државата, така што проевропската ориентација на државата останува на врвот на приоритетите, но товарот го преземаме толку колку што ни припаѓа нам како Албанци, затоа што за да направиме уставни измени мора да имаме 2/3 од гласовите во парламентот“, изјави Меџити, пренесе Тв 21. 

Шефот на албанската дипломатија, Игли Хасани на панел-дискусијата посочи дека Министерството за надворешни работи на Албанија започнало проект, кој го нарече сериозен, за создавање на оддел кој ќе се занимава исклучиво со Албанците во регионот и кој ќе биде посветен на сите прашања кои ги засегаат Албанците, не само политички, туку и во образованието, здравството, културата и друго.

Слично

Поврзани вести