Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Меџити во 2023 година рече оти оддалеченоста на казината за 500 метри е смешна“: Мојсоска со остра критика за законот за игри за среќа

„Меџити во 2023 година рече оти оддалеченоста на казината за 500 метри е смешна“: Мојсоска со остра критика за законот за игри за среќа

Опозиционерите од „Левица“ не стивнуваат со критиките кон владините претставници и кон колацијата по одлуката за поместување на објектите за игри на среќа најмалку на 500 метри одалеченост од основните училишта. 

Пратеничката од редовите на Левица, Јована Мојсоска денеска потсетува на некогашна изјава на Изет Меџити, градоначалникот на Чаир. 

- Да се потсетиме на изјавите од Изет Меџити во 2023 година дека "оддалеченост на казината за 500 метри е смешно" и дека неговата партија ќе поднесе АМАНДМАНИ за оддалеченост од 3 км. Да се потсетиме дека власта во опозиција тврдеше дека онлајн коцкањето е најголем порок, а сега не ја укинува онлајн платформата МЕГАВИН.

Иначе, заради чиј финансиски интерес се гуши сиромашниот народ во коцка:
ВЛТ апаратите за коцкање се монопол и сопственост на CASINOS AUSTRIA;

Вмровскиот директор на државна лотарија Александар КЛИМОВСКИ претходно бил консултант на Casinos Austria и добил хонорар од речиси 140 илјади евра! Што мислите, за чии интереси работи Климовски - за македонските граѓани или за австрискиот БИЗНИС?!

Австријците освен што имаат монопол со ЕВН, тие го поседуваат МОНОПОЛОТ и за коцкање. Затоа, наредно кога ќе видете донација "великодушна" од австриска амбасада, тоа се трошки споредбено со милионите кои ги црпат од бедата на овој народ - напиша Мојсоска на Фејсбук споделувајќи и фотографии од изјавата на Меџити. 

Еве ја нејзината објава: 

Фото: Принскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести