Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЏИТИ: Влегов во оган за да ги решам прашањата од кои сите пред мене бегале и ги ставиле под тепих

МЕЏИТИ: Влегов во оган за да ги решам прашањата од кои сите пред мене бегале и ги ставиле под тепих

Мојата совест е чиста, СДСМ да размисли, колку е понижувачки што немо го набљудуваат она што ДУИ го прави, кажа министерот за здравство, Фатмир Меџити за чие разрешување се дискутира денеска во Собранието. 

Во последните два дена изјави дека добил стотици пораки на поддршка. Наброја што е променето во здравството откако тој е министер.  Меџити ја обвини ДУИ за деструктивно однесување и дека се залага за партиски интереси.

„Поминаа 11 месеци во кои како министер покажав како се работи, не бегав од проблемите туку влегов во оган за да ги решам прашањата од кои сите пред мене бегале и ги ставиле под тепих. Жалам што се покажа дека не сите имаат иста цел како мене во оваа Влада. Се покажа дека ДУИ преку нивните министри до крај реши да политизира и попречува, и реши до крај да оди против интересите на граѓаните. Сметам дека политиката е средство за помош на граѓаните, тие сметаат дека политиката е средство за реализација на лични интереси“, рече Меџити.

Се дискутира и за смена на уште еден министер, Азир Алиу за информатичко општество и администрација. Во Алијансата за Албанците деновиве настана раскол околу настапот на изборите. 

Алијанса за Албанците синоќа и официјално одлучи да се приклучи кон опозицијата.

Слично

Поврзани вести