Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меџити: Тивок бојкот на албанската опозиција

Меџити: Тивок бојкот на албанската опозиција


Изет Меџити. шефот на изборниот штаб на ДУИ, истакна дека албанските опозициски партии, без да ги спомене Алијансата за Албанците и движењето БЕСА; тивко бојкотирале во вториот круг од претседателските избори.

- Сакам да изразам длабока загриженост во врска со информациите на теренот за тивок, но активен и организиран бојкот од страна на албанската опозиција. Тоа значително се приметува во општините со кои управуваат како Желино, Боговиње, Врапчиште и Гостивар, изјави Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ.

Според него, тие деструктивни напори на опозицијата се помали од прогресивните сили на граѓаните.

-Граѓаните не дозволија кризни и злонамерени сценарија за државата и за Албанците. Движењето на земјата кон НАТО и ЕУ нема сила која може да ја спречи, а ние во ДУИ сме старатели и гарантот на ова патување, рече Меџити.

Од партијата најавија и обраќање и на претседателот подоцна.


Слично

Поврзани вести